Свет
14. November 2015 - 17:02

Над 150 мртви и 200 повредени во Париз - ИСИЛ ја презеде одговорноста, Оланд објави војна

Терористите синоќа удрија во самото срце на Париз. За помалку од еден час беа нападнати неколку локации во градот. Нападите започнаа околу 21 часот пред стадионот каде се играл пријателски наптпревар мегу Германија и Франција, двете бомби една по друга беа детонирани од бомбаши самоубијци. На натпреварот бил присутен и францускиот претседател Оланд.

Само десет минути подоцна биле нападнати уште три локации . Напаѓачите вооружени со  калашникови, без маски , движејки  се низ париските улици, пукале врз  отворените  ресторани и барови.

Потоа влегле во концертната дворана на театарот Батклан. Таму почнала вистинската кланица.  Напаѓачите пукале врз заложниците извикувајки ова ви е за Сирија и Ирак.  Само во Батаклан биле убиени над 80 луѓе , повеќето млади,  кои дошле на рок концерт. На ова аматерско видео снимено од зградата отспротива се гледа очајот на оние кои успеале  да им избегаат на крвниците.

Крвавата драма трале три часа., по што во дворана упаднале специјалците .

Според последните информации, во синоќешните напди во Париз се убиени над 150 луге, 200 се повредени , од кои деведесет се во критична сотојба. Мртви се и девет напаѓчи, но се уште не се знае колку навистина ги имало и дали некој е во бегство. Одгворноста за нападот ја превзеде ИСИС. На Твитер тие се заканија дека денеска или утре ќе бидат нападнати Рим и  Лондон, по што веројатно ќе биде нападнат и Вашингтон.

Франција е во војна порача  Оланд.  Во земјата е прогласена вонредна сотојба, а по улиците на Париз се  распоредни над илјада војници.

Сочуство и подршка дојдоа и од сојузниците на Франција, но и од сиријскиот престедател Башар Ал Асад кој порача дека со ист таков тероризам неговата земја се соочува последниве пет години.

Во мегувреме во Германија и Белгиja  апсења и рации.  Во Баварија е уапсен  50 годишен маж, кој наводно е поврзан со нападите во Париз.