Свет
22. December 2016 - 10:52

Над 140 објекти зафатени од голем пожар во северозападна Јапонија

Голем пожар избувна во северозападниот јапонски град Итоигава. Огнот зафатил над 140 куќи и други објекти, јави ТАСС. 

Локалната полиција извести дека од реонот се евакуирани околу 600 лица од 270 живеалишта. 

Засега нема податоци за жртви, а две лица се во болница поради чадот предизвикан од пожарот. 

Огнот избувнал во 10.30 часот по локално време од кинески ресторан и набрзина ги зафатил околните згради. 

Причината за пожарот се уште е непозната. 

На местото се испратени 17 пожарникарски возила, но работата на пожарникарите се отежнува поради силниот ветар.