Свет
24. јуни 2017 - 10:46

Над 140 исчезнати лица во свлечиште во Кина

Најмалку 141 лице се водат за исчезнати, откако поројните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето во Југозападна Кина, објавија локалните власти, цитирани од ДПА.

Првичните податоци беа за 100 исчезнати.

Свлечиштето затрупа утрово околу 40 куќи во селото Синмо, во провинцијата Сечуан. Два километри од течението на реката се блокирани, наведува агенција Ксинхуа.

Во тек е спасувачка операција.

Кинескиот претседател Си Џинпин изјави денеска  дека спасувачките единици треба да сторат се за да стигнат до луѓето, затрупани од лизгање на земјиштето, и да го минимизираат бројот на жртвите.