Бизнис
5. February 2016 - 20:04

Над 1300 бизнис идеи на огласот за самовработување

Голем интерес од страна на невработените лица за мерката за самовработување.  На последниот оглас кој заврши денеска пристигнале  нови 1300 апликации со различни бизнис планови. Директорот на агенцијата за вработување  Влатко Поповски вели дека идеите на невработените кои сакаат да започнат сопствен бизнис се различни, од услуги, угостителство, информатички услуги па се до производство.  Тој потенцираше дека станува збор за квалитетни бизнис планови кои  само потврдуваат дека се работи  за една од најпопуларните мерки преку која  во изминатите години беа отворени повеќе компании со околу 7800 работни места.

-Ако кажам дека веќе имаме две компании кои бројат над 30 вработени,  а од почеток биле само со едно вработено лице, имаме компании ои веќе бројат 10, 15, 20 или се над 5 може  да кажам дека е успешна мерка. Ако само заклучно со 2013 година се затворени само 27% од вкупниот број на финансирани проекти  тогаш ќе кажам дека е успешна мерка, вели Влатко Поповски – директор на Агенција з вработување

Со цел сите активни мерки и услуги кои ги нуди агенцијата за вработување како за невработените лица така и за работодавачите  да бидат поблиску до што поголем број граѓани денеска беше отворена дисперзирана канцеларија во општина Ново Село, прва во струмичкиот региот и 22 на територијата на цела држава. На тој начин граѓаните од оваа општина повеќе  нема да патуваат по триесетина километри само во еден правец за да стасаат до центарот за вработуање во Струмица, туку сите неопходни информаци и услуги ќе ги добиваат  во сопствената општина со што  ќе ги намалат  трошоците за превоз, а ќе заштедат и време.