Над 100.000 денари собрани на хуманитарниот концерт во Охрид
Фолк пејачката Елена Велевска заедно со нејзините колеги од македонската естрада синоќа одржаа хуманитарен концерт на Градскиот плоштад во Охрид, за собирање средства за помош на настраданите подрачја зафатени со невремето од минатата сабота.
Охриѓани и туристите можеа да ја покажат својата хуманост донирајќи средства, при што беа собрани над сто илјади денари. Кон акцијата се вклучи и синџирот маркети „Тамаро“ од Охрид донирајќи средства за хигиена, пелени, прехранбени продукти и вода.
На концертот поддржан од Општина Охрид и Општинската организација на Црвениот крст покрај Велевска, која беше иницијатор во акцијата настапија и Наум Петрески, Анастасија Петреска, Боби Мојсовски, Ѓоко Таневски, Татјана Стефановска и Зуица Лазова.
Хуманитарен концерт синоќа во клубот „Кадмо“ одржаа и Тајзи и Спејко кои целиот хонорар и собраните средства од настанот ги донираа за поплавените подрачја.
Ново на Сител
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени