Македонија
25. March 2016 - 16:39

Над 1000 прислушувани разговори од бомбите на Заев завршиле кај луѓе од подземјето

Разговорите на Заев кружат во македонското подземје. УСБ со повеќе од 1000 прислушувани разговори заплени вчера полицијата во рамките на акцијата против Фабриката за афери на СДСМ во која беа спроведени претреси на 7 локации во Скопје.

„Според првичните информации, одземени с е хард диск и USB, хард дискот е бек ап на она што и претходно го имал Чауш, тој си направил копија. Според информациите хард дискот е креиран во СДСМ, таква е назнаката на самиот фолдер. Уште повеќе загрижува што се пронајдени на USB комуникации кои ги нема на другиот хард диск а кое USB е креирано на почетокот на годината по предавањето на нeзаконски прислушуваните разговори до Специјалното обвинителство и по приведувањето на Захир Бекири “, вели за Пулт заменикот во МВР Митко Чавков.
Извори од истрагата откриваат дека најголем дел од овие разговори пронајдени на усб стикот кај луѓето од бандата на Чауш биле од граѓани од македонско етничко потекло. Станува збор за познати бизнисмени и истакнати луѓе од македонскиот општествен живот кој најверојатно биле предмет на уцени и изнуди

„Засега немаме конкретни пријави од лица, но според нашите сознанија постојат конкретни лица кои биле предмет на изнуди и закани од лица од криминалната структура на Чаушот, но и лица надвор од криминалната група на Чауш, што значи дека со овие материјали располага неопределено широк круг на лица од подземјето“, вели Чавков
Захир Бекири Чауш кој е предводник на криминалната група задолжена за фалсификување на документи и тргување со незаконските снимки на Заев важи за истакнат член на СДСМ и близок соработник на Зоран Заев. Истрагата се сомнева дека токму тој бил задолжен за тргување со незаконските снимки на Заев, а медиумите веќе објавија дека прислушуваните разговори се продавале и во Косово и останатите земји од регионот.
Останува нејасно како Чауш стигнал до овие снимки особено ако се знае дека лидерот на СДСМ во повеќе наврати имаше јасен став дека сите снимки кои ги поседува му ги предал на Специјалното обвинителство

Во својот извештај специјалното обвинителство потврди дека Заев предал околу 600.000 разговори, што го отвора прашањето, што се случува со останатите скоро половина милион снимки и дали токму тие, бандата на Чауш ги користи за уцени и изнуди.
Одговор на прашањето се очекува од истрагата, која по вчерашната акција, како докази покрај незаконските снимки веќе поседува и печатарска преса на која најверојатно се штампале незаконските лични карти и пасоши од фабриката за афери но и поголем арсенал оружје и панцири, чија намена дополнително ќе се истражува. Во акцијата беа опфатени 10 лица а приведени петмина. За едно лице Судија на претходна постапка одредил притвор од 30 дена, а притвор Обвинителството побарало и за Чауш кој од Идризово ќе мора да се пресели во Шутка. Интересен податок кој отвора сомнеж за директната поврзаност на СДСМ со бандата на Чауш е и фактот дека како адвокат на осомничните се појавува Мирослав Виуќ кој важи за адвокат на Заев и СДСМ.