Свет
22. July 2016 - 8:47

Над 1.000 мигранти спасени во водите на Средоземно Море

Над 1.000 мигранти се спасени, а уште 17 тела се пронајдени вчера во водите на Средоземно Море, информира италијанската крајбрежна стража.

Спасувачите кај Сицилијанскиот Теснец во пет гумени чамци и три бода пронашле вкупно 1.128 лица.

Спасувачката операција била спроведена од британски и италијански воени бродови, што се дел од европската поморска мисија за борба со шверцот на мигранти.

Во операцијата, исто така, учествувале и ирски бродови и германската невладина организација „Си воч“.