Бизнис
10. August 2017 - 20:12

Над 100 работници пријавиле дека газдите не ги почитуваат препораките поради високите температури

Дел од работодавачите не ги почитуваат препораките за работа донесени поради топлотниот бран. Над 100 лица претежно до земјоделскиот сектор, текстилот  и градежништвото пријавиле во ССМ дека и покрај мерките тие работата во отежнати услови. Министерството за труд спровело над 200 инспекциски контроли по што биле поднесени 84 забрани на работодавачи кои не ги почитувале препораките.

Поради високите температури надлежните донесоа вонредни мерки.

Адекватна вентилација и по можност климатизација во затворениот работен простор

Да не се работи на отворено за време на најтоплиот период од денот меѓу 11 и 17 часот

Промени во организацијата на работниот процес

Обезбедување на засолништа каде вработените моат да се засолнат одреден период

Козумирање течсноти во текот на работата и почести паузи

Да се носи полесна облека а при равбота на отворено очила и капа

Предупредување за зголемени опасности од несреќи при работа

Сите овие правила важат се додека Македонија  се наоѓа во портокалова фаза.