Македонија
18. July 2017 - 9:25

Нацрт-Договорот со Бугарија пред Комисијата за надворешна политика

Нацрт - Договорот за добрососедство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија денеска на затворена седница ќе биде претставен пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика.  

Седницата, како што информираат од Собранието, е закажана откако вчера до Комисијата за надворешна политика било упатено барање од Владата на Република Македонија. На седницата, како што потврдуваат од Владата, ќе присуствува и премиерот Зоран Заев.