Македонија
25. September 2016 - 18:56

Национални тренери ги обучуваат градоначалните и директорите на ЈКП-ја за подготовка и реализација на инфраструктурни проекти

Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска се 4-те земји од регионот на Западен Балкан каде се имплементира проектот „Локални лидери во Југоисточна Европа“. Локалните самоуправи и јавните комунални претпријатија се соочуваат со низа предизвiци кога се во прашање подготовката и имплементацијата на големи инфраструктурни проекти од секторот водоснабдување и отпадни води. Затоа им се потребни тренери или обучувачи кои своите стекнати знаења ќе ги пренесат на национално ниво на своите колеги кои работат на оваа проблематика, но и ќе ги зајакнат капацитетите на топ менаџментот во овие институции.

-Голем инфраструктурен проект не може да се имплементира само со добро обучени кадри во општината, туку се потребни и добро обучени кадри и во јавните претпријатија. Мора да постои и добро разборање, јасна и продлабочена соработка кај обете страни, како би се проектот имплементирал онака како што е планирано-изјави Павле Донев, менаџер, ГИЗ ОРФ ММС

Во изминатиот период во секоја земја се одржаа во две обуки на кои присуствуваа по 20- тина градоначалници и раководители на ЈКП-ја. Некои од нив веќе имаат одредени искуства во реализација на вакви инфраструктурни проекти, меѓутоа заедничка оценка е дека уште многу треба да се работи на стандардизацијата на пристапот и методите.

-На тие луѓе им е овозможена обука за тоа како да ги подготвуваат проектите. Она што е важно е дека преку неа се наведуваат сите стандарди за кои треба да водат сметка во склад со европските прописи.- изјави Љубинка Калуѓеровиќ, Постојана конференција на градови и општини во Србија

На тема правните рамки во водниот сектор, во Хрватска се одржаа обуки во Загреб и Сплит. Посебен интерес пројавиле и раководните лица од министерството за земјоделие, кое всушност и ги распишува тендерите за доделување на средствата од ЕУ фондовите. Обуките не се само предавања, туку овозможуваат широка интеракција и комуникација на релевантните структури.

-Токму преку тој меѓусебен дијалог, преставниците на единиците на локалните самоуправи и јавните претрпијатија, добија одговор на многу свои прашања. Тоа особено беше забележливо во дебатите кои ги имавме после секој модул, каде тие покажаа висока заинтересираност. Безбројни беа прашањата, бидејќи постојат уште многу дилеми. На тој начин, со посредство на оваа програма, ние ја доведовме нивната меѓусебна комуникација на едно повисоко ниво- Изјави Извор Шкубања, началник на единствениот управен оддел на град Плоче, Хрватска

Националните тренери, заедно со асоцијациите на општините од 4-те земји се состанаа на дводневен работен состанок во Белград, со цел анализирање на досегашните резултати, што ќе продуцира поквалитетни тренинзи во претстојниот циклус на обуки.