Началникот на ГШ на АРМ на заседание на воениот комитет на НАТО во Брисел
Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, учествуваше на првиот дел од заседанието на воениот комитет на НАТО, во формат на началници на генералштабови на НАТО и партнерските нации кое се одржува во седиштето на НАТО во Брисел.
На денешната сесија на земјите членки на НАТО и партнерските земји кои учествуваат во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, од страна на командантот на мисијата, генерал Николсон и високиот цивилен претставник на
НАТО, амбасадорот Цимерман пред присутните се презентирани најновите стратегиски и оперативни информации поврзани со безбедносната ситуација во Авганистан.
Притоа, од страна на учесниците во дискусија се разгледувани планови, насоки и препораки за понатамошно учество и дејствување во мисијата кои ќе бидат разгледани на состанокот во формат на министри за одбрана во февруари.
За време на своето учество на денешните активности, НГШ на АРМ оствари повеќе средби и размени на мислења со началници од армиите членки на НАТО и партнерските нации, особено со началниците на ГШ на армиите на земјите членки на А5 иницијативата, на кои се разговарало за заклучоците од последната конференција, и спремноста за справување со безбедносните предизвици во склад со цврстата определба на Република Македонија за полноправното членство во северноатланската алијанса.
На состаноците на воениот комитет активно учество имаат и постојаните воени претставници во командата на НАТО, каде и Република Македонија има свој висок воен претставник.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација