Свет
24. July 2017 - 11:47

На воените игри во Русија 1.200 војници од 22 земји

Повеќе од 1.200 војници од 22 држави пристигнуваат во Русија на воените игри што почнуваат кон крајот на овој месец, соопшти Министерството за одбрана.

Тимови од Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Кина, Египет, Индија, Јужна Африка, меѓу другото, се подготвуваат за натпревари во различни дисциплини на Меѓународните воени игри што ќе се одржат од 29 јули до 12 август.

На натпреварот ќе бидат и дисциплините: тенковски биатлон, штафета за медицински екипи, натпреварување во извидиница натпреварување на воени теренски готвачи..