На воена вежба во Романија полесно повредени 12 американски падобранци
Дванаесет американски војници се полесно повредени во инцидент за време на воена падобранска вежба во Романија, јави весникот „ Романија либера“.
Војниците се здобиле со повреди за време на ноќни скокови со падобранци во рамки на вежбата „Swift Response 17-1“, во военовоздухопловната база „Кампија Турзиј“, во централна Романија, и биле примени во воената болница во градот Клуж.
Инцидентот се сличил во текот на ноќта меѓу петокот и саботата.
Единаесет од повредените падобранци веќе биле испишани од болница, а еден останува на лекување со контузија на рбетниот столб. Повеќето настрадани војници се здобиле со контузии на скочните зглобови при приземјување со падобранот, прецизира директорот на болницата во Клуж.
Вежбата се одржала во саботата рано утрината, а сценариото предвидувало упад во воена база, во рамки на маневрите „Swift Response 17-1“, во кои учествуваат приближно 1.000 романски и американски војници.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари