На водителката Миа Костова и го кренаа автомобилот во воздух
Имено, пред четири седмици околу 2 часот по полноќ на паркингот пред нејзината зграда непознати сторители и го полиле автомобилот со бензин и го запалиле, а истрагата се уште е во тек, пишува Вечер.
-Да, точно е дека ми го запалија автомобилот. Истрагата уште е во тек, нема осомничени, полицијата работи на случајот, но дури и се претпоставува дека можеби мојот автомобил е запален по грешка со оглед на тоа што на мојот паркинг има уште два исти автомобили како мојот, па најверојатно наместо некој од нив, по грешка мојот го потуриле со бензин. Вака размислува полицијата затоа што за вакво нешто да ми направи некој на мене, апсолутно нема никаков мотив, ниту сум должела на некој, ниту пак сум згрешила. Има многу комбинации во игра, има и снимки од надзорни камери, но сторителите уште не се откриени, откри Миа која и после еден месец од овој немил настан се уште е во шок.
Инаку, водителката ги негира тврдењата дека се верила и вели дека нејзиниот статус се уште не е променет.
Ново на Сител
-
Најголема излезност во Карпош: Пресек на излезеноста во скопските општини до 17 часот
-
Во Општина Тетово до 17 часот гласале 34.466 луѓе или 40,53 отсто од вкупниот број гласачи
-
Хамас објави видео од израелско-американски заложник
-
Русија и Украина договорија размена на деца одвоени од своите семејства
-
Даштевски: Има прекин на 3 места во Куманово
-
Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64