Македонија
12. December 2017 - 13:15

На вкусно тавче гравче и макало во Новаци - запознајте го одблизу ова живописно битолско село

Од денеска во рамки на утринската емисија на Сител „Ја сакам Македонија“ стартува серијал посветен на македонските села.

Низ живописните предели не води Томче Јосимовски кој за оваа прилика го посети битолското село Новаци, оддалечено 11 километри од Битола, кое со своите 1400 жители важи за едно од поголемите села во Македонија.

За тоа како се живее во Новаци, која слава се слави,  каква ракија варат и со каков специјалитет ги служат своите гости, дознајте од првата епизода на „Мое село“.