Балкан
18. January 2017 - 22:34

На Василица го врзал 10-годишниот син за дрво и го тепал

Полицијата му одреди притвор на Александар А. (32) од Житни Поток бидејќи својот 10-годипен син го врзувал за дрво пред куќата и го тепал.

Десетгодишното дете и неговиот помлад брат моментално се кај дедото, кој и така најмногу ги чувал, а во понеделик во случајот ќе се вклучи и Центарот за социјална работа, кој ќе покрене постапка за евентуално згрижување на децата во хранителско семејство.

Првично беше објавено дека двете деца биле врзувани и тепани надвор, но подоцна истрагата покажала дека врзуван е само постариот син од 10 години.

-Тоа било во текот на одбележувањето на Свети Василиј, нивната слава, а дедото Станимир (55) дури 10 часа по инцидентот случајот го пријавил во полиција, вели извор близок до истрагата.

Кога дедото се обидел да го одбрани внукот и самиот се нашол на мета на насилникот.