Ракомет
8. April 2016 - 22:10

На стартот во Гдањск пораз од Полска за македонските ракометари

Во првиот натпревар од групата во Гдањск, Македонија загуби од Полска со 25:20 (13:9). Утре нашите ракометари го играат решавачкиот натпревар и мора да го победат Тунис за да ги задржат шансите за пласман на едно од првите две места. Тунис во првиот дуел го совлада Чиле 35:29.
По изедначениот почеток и 4:4 противникот направи серија од три голови за водство од 7:4, која продолжи со уште еден скор од 2:1за Полска или нивното највиско водство од 9:5 во 13.минута. Сосема разбирливо следуваше тајм аут за Ивица Обрван. Во прдолжението заигравме подобро во одбраната, но нападот немаше реализација, каде и правевме технички грешки. Сепак успеавме да намалиме на 10:8, а не искористивме и три напади да намалиме на еден гол неагтива. Тоа го казни Полска која на полувремето се избори за +4 (највисока предност) 13:9.
Почетокот на вториот дел продолжи лошо за нашиот тим откако противникот го зголеми водството на шест голови 16:10 и 17:11. Во напад потоа Миркуловски двапати ја погоди стативата, а Митревски, кој го замени Ристовски на голот ги одбрани двете контри. И во продолжението на натпреварот нашиот тим не подобри многу во играта, па Полска во 50.минута водеше со 23:15 (највисоко водство). Со серија од 4:0 го ублаживме поразот.
Во текот на натпреварот само двапати имавме серија од два или повеќе гола, што е премалку да се победи селекција од калибарот на Полска.
Головите за Македонија ги постигнаа: Манасков 4, Стоилов 3, Митков 1, Лазаров 8, Георгиевски 4, Прибак1.
Голманите имаа Ристовски 6 одбрани, Митревски 8 одбрани.
Кај Полска најефикасен беше Биелицки со 7 голови, а Шмал имаше 10 одбрани.
 
Од Гдањск, Марјан Ников