-->
-->
На списокот на Словенија и рековалесцентите Хенигман и Кавтичник
-->
Селекторот на словенечката ракометна репрезентација Веселин Вујовиќ го објави конечниот список на играчите кои ќе бидат дел од Европско првенство во Хрватска.
Словенците во текот на подготвителниот период се соочуваа со големи проблеми околу повредените играчи, па на крајот Вујовиќ меѓу 16-те играчи на списокот мораше да ги вметне и рековалесцентите Ник Хенигман и Вид Кавтичник, кои најверојатно и покрај болките ќе мораат да смогнат сили да и помогнат на својата селекција.
Од последниот избор на Вујовиќ, ги нема голманот Кастелич, како и бековите Цехте, Поточник и Лебан.
Боите на Словенија на ЕП ќе ги бранат:
Голмани: Матевж Скок и Урбан Лесјак
Кружни напаѓачи: Блаж Благотиншек, Игор Жабиќ, Матиц Сухолежник
Бекови: Јан Гребенц, Вид Кавтичник, Борут Мачковшек, Ник Хенигман, Миха Зарабец, Марко Безјак, Жига Млакар
Крила: Гашпер Маргуч, Блаж Јанц, Матиц Вердинек, Дарко Цингесар
Словенците, кои на последното Светско првенство (2017 година) го освоија бронзениот медал, ќе бидат првиот противник на Македонија во мечот кој ќе се игра утре во загрепска „Арена“ со почеток од 19.30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација