Македонија
23. March 2017 - 16:35

На сопственикот на „Бранкица“ му се заканува кривична пријава

Кривична пријава за сопственикот на старскиот дом Бранкица бидејќи продолжува со работа и покрај забраната за вршење на дејноста.

Инспекторите со денови се обидувале да му го врачат решението, но постојано наидувале на затворени врати. Министерот за труд и социјална политика вели дека ова е класична злоупотреба на законите но и манипулација со старите лица кои се сместени во домот.

-Деновиве ќе му биде поднесена кривична пријава, и затоа повторно апелирам до семејствата на корисниците да најдат решение и да ги преместат совите блиски во други домови. Два веќе се понудија за иста цена да ги згрижат старите, вели Ибрахим Ибрахими, министер за труд и социјална политика.

Домот Бранкица остана без дозвола за работа по сторијата на Сител за пензионираниот полицаец Владо Петковски чија сопруга обвини дека бил малтретиран и изгладнуван по три дена престој во домот. Инспекцискиот надзор констатирал дека установата нема минимални услови за третман и нега на стари лица и затоа одлучија да стават клуч на врата.

стенд уп- Решението со кое на домот Бранкица му се одзема дозволата за работа било донесено и потпишано од министерот за тру и социјала на 13 март. Но со денови сопственикот одбивал да го прими решението а ги манипулирал семејствата на корисниците дека нема никаква забрана за работа.

Еден од прекршоците констатиран во оваа установа е што сопственикот во двокреветни соби сместувал по тројца и четвроица. Според информациите на Сител, во моментот во домот Бранкица има над 20 лица кои треба да бидат преместени во други домови.