Живот
21. September 2017 - 21:34

На сите им бил сомнителен претешкиот куфер: Кога го отворија имаа што да видат!

Еден маж се обидел преку граница да ја прокриумчари својата жена и тоа во куфер.

Неодамнешната снимка од границата меѓу Турција и Грузија која ја снимиле безбедносните камери, покажува како 47-годишен човек влече куфер и ја поминува пасошката контрола без проблеми.

На граничарите им станал сомнителен дури кога заминувал, а претешкиот куфер му се заглавил во еден момент меѓу ѕидот и врата.

По претресот полицијата во куферот ја пронашла неговата 27-годишна жена, за која се утврдило дека е вмешана во тешка сообраќајна несреќа и дека е барана од полицијата.

Се наведува дека таа возела во алкохолизирана состојба и притоа прегазила пензионер кој починал.