-->
-->
На Сисоко му се заканува казна од три меча
-->
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) го обвини играчот на Тотенхем, Муса Сисоко, за насилничко однесување, бидејќи во текот на татпреварот со Бормут го удрил Хери Артер.
Тотенхем, во саботата, одигра без голови против Бормут, а Сисоко кој од клупата влезе во игра, со лактот го удрил Артер. Овој момент не го забележал судијата, но бил регистриран од телевизиските камери.
Францускиот репрезентативец би можел да биде суспенсиран на три натпревари, поради овој неспортски потег, а до вторник има роок да одговори на обвинувањата.
„Инцидентите кои во текот на натпреварот ќе се случат, а не идат забележани од главниот судија, ги разгледва комисија од тројца поранешни судии. Секој од нив ќе ја погледна снимката и ќе одлучи дали прекршокот бил за исклучување. За казната да биде изречена трба одлкуата на судиите да биде едногласна“, се наведува во соопштението од ФА.
Тотенхем, во вторник, ќе игра против Ливерпул во Лига купот, а во сабота, во рамките на Премиерлигата ќ го пречека Лестер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија