Балкан
20. April 2016 - 17:39

На синот на Зоран му излета: Дедо ја за*ба работата!

И по 18 дена од страотното убиство на пејачката Јелена Марјановиќ полицијата се уште никого официјално пре го прогласи за осомничен за ова злосторство.

Полицијата се сомнева дека во убиството на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ (33) е вмешана една жена, чиј идентитет засега не се открива.

Во рамки на истрагата во која досега се сомневаше на три членови од ова семејство извршен е претрес на станот на семејната кума Вера, а се испитува и нејзиниот однос со Зорица Марјановиќ, свекрвата на покојната пејачка од која таа не се разделува. Исто така се проверува и односот на убоената пејачка Јелена со нејзината свекрва.

Дека навистина нешто не е во ред во семејството Марјановиќ и дека полицијата од почеток има индиции дека помалку или повеќе сите на некој начин се поврзани со ова убиство, говори и следниот настан.

-Во неделата на 3 април, ден по убиството некаде околу 19 часот, во куќата дојде синот на Зоран од првиот брак, кој тој ден беше на сослушување во полиција и видно вознемирен пред насобраните искоментирал: „Дедо ја за*ба работата“, без да прецизира за што точно станува збор. Штом го изговорил тоа, една од роднините го извлекла во другата соба. Тој подоцна се вратил, но не проговорил низ збор, открива соговорник на српски Курир, близок до семејството.

Полицијата ги разгледува снимките од безбедносните камери од продавницата во борчанската населба Црвенка. На снимката од саботата кога исчезна Јелена се гледа како брзо поминува автомобилот на Марјановиќ. Снимките се однесени на натамошно истражување, за да се утврди во точно кое време се појавуваат.

Се испитува и кој уште поминувал по тој пат во Црвенка со надеж дека ќе се најде доказ кој би можел да доведе до решавање на овој случај кој ја потресе Србија.

Од друга страна, постар човек со стап, кој требаше да биде сведок на бруталното убиство на Јелена, го помина полиграфот.

Како што претходно изјави сопругот Зоран Марјановиќ, видел човек со стап додека јелена трчала.

-Слушнав дека полицијата наводно бара човек со стап, но не бев на препознавање. Само реков дека видов човек со стап дента кога е убиена Јелена како и уште неколку луѓе, рече тогаш Зоран.

Меѓутоа, тој човек во полиција раскажал сосема друга верзија, односно дека Зоран го видел дури тогаш кога почнал да ја бара исчезнатата сопруга.