-->
-->
На сцената на велешкиот театар вечерва претставата „Класен непријател“
-->
На малата сцена на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечерва ќе биде одиграна претставата „Класен непријател“ според текст на Најџел Вилијамс, а во режија на Теа Беговска. Во неа настапува целокупнот ансамбл на велешкиот театар.
Според оценката на Јордан Витанов директорот на велешкиот театар, сезоната на театарот, годинава започнала успешно, со голем интерес и посетеност..
- Претставата која премиерно беше изведена во декември 2012 на сцената на стариот театар, во декември минатата година на барање на велешката публика беше обновена мошне успешно и прилагодена на модерната техника на сцената на новиот театар во Велес, посочува Витанов.
Синоќа на малата сцена на велешкиот театар гостуваше ансамблот на Интимен театар од Битола со претставата „Будење на пролетта“. Претставата е инспирирана од текстовите на Франк Ведекинд, а во режија на Софија Ристевска која во овој проект настапува и како актер. Во претставата заедно со неа настапија и актерите Здравко Стојмиров и Стефанија Милевска.
Ристевска истакна дека по реакциите од публиката таа е задоволна и како актер и како режисер на претставата.
-Во Велес сум гостувала како режисер, а ова е мој прв настап на малата камерна сцена во новиот театар и моше сум задоволна од реакциите на велешката публика. Ми се допаѓа малата сцена бидејќи е мала и акустична и има непосреден допир со публиката, рече Ристевска.
Посочи дека оваа престава има силна порака дека сите сме такви какви што сме и дека никој не треба да го суди другиот, а најмалку според надворешиот изглед и според начинот на живот, зошто, според неа, секој има право на избор на својот живот.
Ристевска информира дека претставата по Битола и Велес годинава ќе биде изведена и на други театарски сцени во земјава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово