Балкан
22. May 2017 - 9:58

На Родос дводневна Конференција за безбедност и стабилност

На грчкиот остров Родос денеска почнува дводневна Конференција за безбедност и стабилност. Тоа е втора таква конференција, а првата се одржа во септември 2016 година, јави грчката телевизија ЕРТ.

На Конференцијата учествуваат делегации од 18 држави и меѓународни организации. На првата средба учествуваа министрите за надворешни работи и високи владини претставници од Албанија, Бугарија, Италија, Хрватска, Кипар, Словачка, Египет, Алжир, Обединети Арапски Емирати, Јордан, Либан, Либија и Тунис.

Целта на Конференцијата е да се даде поттик на дијалогот за колективно управување со предизвиците во невралгичниот реон на Источен Медитеран, како што се војната, тероризмот и мигрантската криза, а исто така и за развивање на партнерствата во сферата на економијата, транспортот, енергетиката, образованието и културата.