Македонија
21. November 2017 - 19:25

На родилка во Скопје, во утринскиот сендвич некој и подметнал 4 апчиња

Сендвич зачинет со дрога синоќа и бил однесен на родилка на скопска гинекологија еден час по породувањето. Во јадењето имало 4 таблети со сина боја најверојатно екстази, кои ги забележала медицинска сестра, по што веднаш пријавиле во МВР. 

Тројцата непознати мажи кои ја донеле храната, според сведочењата на дежурниот персонал од ГАК, биле агресивни, се расправале со обезбедувањето на клиниката и насилно сакале да влезат внатре. На 33 годишната родилка од Скопје ова и било седмо дете. Овој несекојдневен и невообичаен настан на Гинекологија го потврди и директорката која синоќа била на работа. 

-Пријавивме во МВР и тие дојдоа и го презедоа случајот. Родилката не знаеше во кој месец е бремена, нема податок за последен менструален циклус, но според нашите педијатри бебето е созреано. Но со неконтролирана бременост по што бебето веднаш беше однесено на интензивна со пневмонија родено 2.500 грама, вели Викторија Јовановска директор на ГАК.

Иако е забрането да се носи храна на ГАК, во овој случај, според информации на Сител, родилката по породувањето барала сендвич бидејќи наводно  била многу гладна но не го сакала јадењето на Гинекологија. Од полицијата велат дека работат на расчистување на случајот, кој синоќа ги вознемири и пациентите и вработените во најголемото родилиште.