Македонија
6. October 2017 - 21:34

На полноќ истекува рокот до кога партиите и коалициите требаше да достават финансикси извештаи до ДИК

Од само неколку илјади евра до неколу стотици илјади евра, потрошиле партиите и независните кандидати за градоначланици и советници во првиот дел од кампањата. Рокот за поднесување на финансиските извештаи истече синоќа на полноќ. Најголем до од ученсиците на изборите на 15 октомври ја испочитувале законската обврска и поднеле извештаи до Државната изборна комисија, Државниот ревизор и Антикорупциската комисија.

Според првичниот извештај, владејачката партија на сметката има најмногу неискористени пари, околу 208 илјади евра. Документот покажува дека СДСМ од 76 донации од физички лица – најчесто партиски функцинери, од две донации од фирми и од членарина обезбедила приход од речиси 253 илјади евра. Од овие пари потрошила околу 42 илјади евра. Најмногу пари, околу  17,5 илјади евра потрошила за рекламирање, повеќе од  3.000 евра дала комунлани услуги, а за превоз околу 12.000 евра. Интересно е дека партијата на Заев потрошила околу 10.000 евра за изнајмување на простор во различни општини. Најскапиот простор што го изнајмила е во Аеродром за 10.000 денари, но има и канцеларии кои биле изнајмени за само 111 денари, или пак 333 денари за повеќе локации во Кисела вода и Охрид.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак поднела најдетален извештај на 190 страници и тоа за речиси секоја општина одделно, прикажувајќи ги целосните суми што партијата би ги платила за трошоците на кампањата. Најголем е извештајот на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, каде сверојатно се вкалулирани и општите трошоци за целата територија. Според овој извештај приходите и расходите на опозицијата се движат околу 500 илјади евра. Сепак, како што стои во извештајот голем дел од трошоците кои се предвидени се уште не се реализирани и наплатени. Најголем дел од приходите, дури 470 илјади евра се од членарини, додека остатокот се од донации од физички лица- партиски функцинери. Најголем дел од трошоците се за рекламирање и тоа околу 80 илјади евра. Интересно е дека опозициската коалиција повеќе од овие пари се дадени за интернет кампања и за банери на интернет портали.  За забавниот дел од кампањата партијата ќе потроши околу 10 илјади евра.

Извештајот на ДУИ покажува дека партијата на Ахмети во првиот дел од кампањата нема донации, сите приходи, околу 65 илјади евра се од членарини, што не е доволно да ги покрие трошоците на партијата кои изнесуваат двојно повеќе односно околу 150 илјади евра. Речиси сите овие пари ДУИ ги дала за реклами и билборди.

Речиси избалансиран извештај на приходи и расходи покажала и БЕСА и тоа околу 20.000 евра. Најмногу пари оваа партија потрошила за реклама и пропаганда  и тоа околу 5.000 евра. БЕСА во првиот дел од кампањата имаше многу малку активности, најавија дека ќе се концентрираат во деновите пред гласањето.

Партиите втор ваков отчет ќе треба да дадат до 14 октомври, а 30 дена по затворањето на сметката за избори и конечен финансиски извештај.