Македонија
8. July 2017 - 16:31

На плус четириест го палат огнот за подготовка на сркомен ручек - Семејството Костадиновски шест години живее без струја

Без струја живеат повеќе од шест години. И на температура над 40 степени мора да го користат шпоретот на дрва за секојдневните домашни обврски. Скромното семејство Костадиновски од скопски Припор секој ден води борба за живот.

-Морам да стоплам вода, морам да исперам, да измијам садови...куќа, изјави Даниела Костадиновска.

На оваа свеќа основното училиште го завршил и 15 годишниот син на Даниела. Истото го чека и од септември кога ќе почне во средно.

-Сега се запиша 1 година али нема услови да учи. Децата му се смеат не сакаше ни он ни јас да бидат пред камера вика мамо ќе гледат децата и ќе ми се смеат. Ама не може више да се издржи. Некна ми вика ќе си заминам од дома, изјави Даниела Костадиновска.

Долгот за електрична енергија со каматата им достигнал близу половина милион денари. Пред една година кога се вработила сакала да почне да плаќа на рати, но месечно требало да ја дава целата плата од 10.000 денари само за струја, а сопругот не бил во постојан работен однос. Една третина од месечните приходи на Даниела се одбиваат и за долгот за вода која исто така подолго време им била исклучена. Револтирана е зошто пред 2 години иако ги исполнувале условите како што им рекле, но биле одбиени за отпис на долгови.

-Ми рекоа дека во ред е се од социјалното и на крај ме одбија зошто сопругот во 2013 година работел во отпад и земал 5.300 плата, рече Даниела.

Секојдневните проблеми на Даниела и предизвикале хормонално пореметување, но нема пари ниту за лекар.

-Знам дека хормонски се пореметив здравствено, немав пари да одам по лекари и си останав вака. Сите мислат дека од јадење сум волкава, но не е тоа тоа... додаде Даниела.

Скромното семејство од Припор  се надева на помош од хуманите граѓани и инстутуции за да добијат струја која барем малку ќе им го олесни тешкиот живот.