Македонија
22. January 2017 - 17:29

На Охрид му недостасуваат хотелски капацитети

Бројните празници во зимскиот период ја продолжија сезоната во главниот туристички центар.За да се задржат и привлечат гостите се организираат културни настани и манифестации. Хотелиерите сметаат дека зголемениот број на посетители  на охридско струшкиот регион  ја наметнува потребата од изградба на нови модерни хотели кои ќе допринесат за поголем развој на туризмот.

Tуристички работници велат дека новите хотели од висока категорија, ќе ја освежат туристичката понуда, но за да бидат конкурентни на пазарот, треба да донесат нови содржини и понуда кои ќе ja гарантираат нивната одржливост.

Инаку моментално ривиерата располага со 7300 хотелски легла од 3,4,и 5 ѕвезди.