Свет
27. July 2017 - 21:59

На молитвен собир на Ридот на храмовите повредени најмалку 46 лица

На молитвен собир на Ридот на храмовите дојде до судир меѓу група Палестинци и израелската полиција, при што, според палестинската Црвена полумесечина повредени се 46 лица.

До судирот дошло веднаш на влезот во светилиштето.

Претходно почна собир на илјадници муслимани пред Ридот на храмовите во првата организирана молитва после две недели. Молитвениот собир беше организиран откако Израел ги отстрани контроверзните безбедносни мерки поставени на влезот на Ридот на храмовите, како последица на нападот на 14 јули, во кој загинаа двајца полицајци. По поставувањето на детекторите на метал, муслиманските лидери повикаа на бојкот на тоа место.