Џет-Сет
8. May 2017 - 18:51

„На мене сè е вештачко, освен овој дел“

Една од најпознатите манекенки и сопруга на пејачот Џон Леџенд откри дека поминала низ многу естетски операции на лицето и телото.

- Сѐ на мене е вештачко, освен образите, призна Тајген.

Потоа со раката покажа на челото, носот и усните и рече „Вештачко, вештачко, вештачко.“

Освен пластичните операции на лицето, Криси Тајген призна дека направила и неколку зафати на телото.

- Направив липосукција на надлактиците пред девет години и тоа беше најглупавото нешто што сум го направила, но не жалам бидејќи се чувствувам посамоуверено, рече манекенката.