Бизнис
13. March 2018 - 19:46

На Македонија и се заканува еколошка катастрофа, градоначаниците не сакаат депонии во своите општини

Дрисла ќе добие нов филтер , но дивите депонии и натаму најголем  проблем. Министерот за животна средина Макрадули посочи дека филтерот на печката за медицински отпад во скопската депонија ќе биде вклучен на 19 месецов. Бројот пак на илегалните депонии и натаму е голем.  Ги има над 80. Во една општина  има дури 8. Макрадули апелира до градоначалниците да не пружаат отпор туку да соработуваат – да дадат согласност за изнаоѓање на локации за регионални депонии , во спротивно Македонија може да се соочи со еколошка катастрофа.

- Засега само во југозападниот и севроисточниот дел се најдени локации за депонии. Апелирам до сите градоначалници да соработуваат за да ги следиме европките текови. Депониите кои ќе ги изградиме наместо илегалните нема да бидта како онаа во Струга туку ќе бидат капацитети кои ќе вработата нови лица а ќе  може да служат и за производство на суровина или електрична енегија, рече Макрадули

Многу малку се собира и  отпадот од амбалажа и електронскиот. Компаниите кои  го менаџираат  се жалат дека комуналните претпријатија немаат доволно опрема за да си ја завршат работата. Фирмите кои го користат, а не плаќаат ништо за тоа годишно го оштетуваат буџетот  за 5 до 6 милиони евра.

За да се надмине проблем  од бугарксите компании кои се занимаваат со оваа дејност     препорачуваат  да се издвојат повеќе пари за оваа намена и зголемени контроли.

На годишно ниво во земјава се создаваат 800. 000 тони отпад. 100 000 тони е амбалажиран од кои се собираат само 30 отсто и 15 000 тони е електорнски.