Свет
19. May 2016 - 17:03

На интернет се појави снимката од запалениот авион

На интернет се појави видео снимка на која наводно се гледа моментот кога се запалил авионот „Иџипт Ер“ кој минатата ноќ исчезна од радарот над Медитеранот.

Сведоци наведуваат дека во моментот на несреќата виделе „голема огнена топка на небото“, наведува британски „Телеграф“.

Видео снимката ја објави сајтот „Севен Њуз Сиднеј“, а „Телеграф“ кој ја пренесе информацијата, засега нема потврда дека снимката е авентична.

Авионот на египетската компанија „Иџипт Ер“ со 66 патници и членови на екипажот леташе на линијата Париз-Каиро кога доцна ноќта исчезна од радарот на грчкиот град карпатос во Средоземното Море.