Македонија
23. August 2017 - 13:09

На Инфективна нема хоспитализирани лица затруени во гостилницата „ДМ“

Во Клиниката за инфективни болести нема хоспитализирани лица од вчерашното труење со храна во гостилница „ДМ“ во Скопје.

- Од Клиниката за инфективни болести информираат дека кај нив нема хоспитализирани лица од вчерашното труење со храна во гостилница „ДМ“ во Скопје. Лекарска помош, вчера побарале пет лица со полесни симптоми на труење, кои биле амбулантски прегледани и пуштени дома, соопшти денеска Министерството за здравство.

Оттаму посочуваат дека дома се пуштени и четворица од хоспитализираните, кои пред неколку дена беа задржани на болничко лекување со симптоми на труење од сендвичарата „Седмица“ во Карпош.