Балкан
11. August 2017 - 11:04

На грчките плажи и улици годишно завршуваат 22 милијарди отпушоци

Грчкото здружение за борба против ракот ги повика пушачите да се воздржат од оставање отпушоци на плажите во земјата, истакнувајќи го ризикот за јавното здравје и животната средина од околу 22 милијарди отпушоци кои завршуваат на плажите и улиците секоја година.

- Почитувани пушачи, ако не можете да го избегнете пушењето, барем цигарите оставајте ги во некој импровизиран пепелник ... и потоа фрлете ги во канта за отпадоци, соопшти здружението.

Според проценките на комуналните служби, отпушоците изнесуваат речиси 40 проценти од сметот кој се отстранува од плажите.