Балкан
31. August 2016 - 12:32

На грчките острови има повеќе од 9.200 мигранти и бегалци

На островите во северниот дел на Егејското Море има 9.245 мигранти и бегалци кои бараат азил во Грција.
Поточно, на Лезбос се евидентирани 4.926 лица, на Хиос 3.317 и на Самос 1.002 бегалци и мигранти.

Грчките власти соопштија дека во последните 24 часа на Лезбос пристигнале 89 нови лица, осум на Хиос, додека на Самос последните неколку дена не се регистрирани нови бегалци и мигранти.