Македонија
26. November 2015 - 16:45

На границата со Грција и денеска мирно, без голем прилив на бегалци

На југот од државата и денеска е мирно, а состојбата со мигрантите е стабилна и без проблеми. Исто како и во текот на вчерашниот ден на македонска страна е скоро празно, додека на грчка територија и понатаму остануваат најупорните економски мигранти  кои доаѓаат претежно од Мароко, Бангладеш, Пакистан и Иран и чекаат промена на одлуката за селективно пропуштање со цел да го продолжат нивното патување. За разлика од поголемиот дел нивни сонародните кои пред неколку дена одлучија да се вратат назад групата од околу 300 лица  останува на граничната линија и велат ќе чекаат се додека не поминат.

,, Ние сме од Бангладеш. Овде сме веќе седум дена. Уште колку треба да чекаме? Неможеме да останеме овде затоа ја молиме Европската Унија да ни помогне. Од три националности може да поминат, а другите не зошто? Неможеме да се вратиме назад бидејчи во Бангладеш има многу политички проблеми.,, вели мигрант од Бангладеш

Бегалците кои доаѓаат од кризните воени подрачја, а чиј беој деновиве бележи намалување  без проблем минуваат и се упатуваат во прифатниот центар. Покрај пакетите со храна, неопходната медицинска и хуманитарна помош од пред неколку дена тие добиваат и топли оброци кои ги обезбедуваат претставниците на македонски каритас и црвениот крст.

,, 24 саати работи кујната. Првата смена ја покрива македонски каритас заедно со црвен крст,  а втоарата смена ја покрива црвен крст.,, вели отец Димитар Ташев – Македонски каритас

Според податоците на МВР во последното денонокие биле издадени нови 1661 потврда за искажана намера за поднесување барање за азил. Од нив околу 600 биле деца.