Фудбал
21. September 2017 - 15:03

На Филип Втори ќе се игра по стари цени!

Директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски, извести денес дека се враќа стариот ценовник за користење на Градскиот стадион со одредени корекции.
 
– Го затекнавме акционерското друштво со исклучителни загуби, посебно во делот на работењето на стадионот, за кои во наредниот период заедно со Агенцијата за млади и спорт ќе бараме решение што ќе биде во интерес и на македонската јавност и на сите клубови што го користат. Новиот ценовник на наредниот состанок ќе биде надвор од сила и ќе стапи во сила стариот, кој ќе биде дополнително коригиран во делот на финансиите и ќе се намалат одредени делови на цените што ќе им овозможат на другите клубови да го користат понатаму. За финансиските загуби ќе бидете известени на посебна прес-конференција – изјави Трајковски.
 
Прашан колку ќе чини сега еден натпревар во Лига Европа во вечерен термин, Трајковски рече дека по неговото усвојување на итна седница, тој ќе биде дополнително и транспарентно објавен на веб-страницата на АДСДП.