Џет-Сет
8. August 2016 - 13:17

На Џејми Оливер му се роди петтото дете - синот Оливер

Прочуениот „гол готвач", Џејми Оливер со својата сопруга Џулиет („Џулс“) го добија својот втор син, којшто го доби името - Оливер.

Двојката досега имаше четири деца, три ќерки и еден син. Ова е нивното петто дете. Момчето има 3,6 килограми. Гордиот татко веднаш сподели фотографија на Инстаграм, проследена со коментар:

- И тоа се случи, луѓе! Машко е! Сите во семејството сме изненадени и пресреќни. Постарите две ќерки дојдоа на самиот крај, само колку да ја пресечат папочната врвца, беше тоа трогателно. Се е во најдобар ред, мојата сопруга беше неверојатна, тоа беше убаво природно породување. Секоја чест за мајките, неверојатни сте!

Џејми се запозна со неговата сопруга Џулиет Нортон во 1993, а во брак се од 2000 година.