Македонија
21. October 2017 - 13:19

На Деве Баир се чека до еден час за влез во Бугарија

На преминот Деве Баир на македонско-бугарската граница поради зголемена фреквенција на возила, се чека од 30 до 60 минути, информира АМСМ.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење поради зголемениот интензитет на сообраќај на патните правци надвор од градските средини.