Свет
23. March 2018 - 14:01

На австралискиот брег се насукаа 150 китови

Околу 150 китови се насукаа на плажата Хамилин Беј во Австралија, 300 километри јужно од Перт. Китовите, разно изутринава по локално време, ги забележал рибар и веднаш ги повикал службите за спасување. 

Одделот за паркови и дива фауна на државата Западна Австралија извести дека нивните вработени вложуваат напори да спасат 15 китови, кои се уште не угинале. Воедно, тие го предупредија локалното население дека насуканите китови можат да привлечат ајкули, поради што и заливот е затворен за јавност.

- Повеќето китови се насукале на копното во текот на ноќта. Не прежиеаја, изјави Џереми Чик од Одделот за паркови и дива фауна. Тој појасни дека неговите колеги одреден период чекале дополнителни сили и соодветна опрема за да ги спасат преживеаните цицачи.

- Ветрот и евентуалниот дожд ќе го одредат моментот и местото на кое ќе се обидеме да ги вратиме во море, но многу е важна и силата и издржливоста на самите животни, вели Чик.

- Освен преживување на насуканите китови, главна цел ни е гарантирање на безбедноста на персоналот и доброволните кои работат на нивното спасување, истакна Чак.

Океанските китови со кратки перки (Globicephala macrorhynchus),најголеми во семејството делфини (Delphinindae) по китовите - убијци, живеат во тропските и субтропските води и ќесто пливаат во групи, и кога ќе се насукаат, тоа го прават масовно. Причините зошто тие се насукуваат се уште не се познати, иако постојат повеќе теории на таа тема.

Најчесто се движат во длабоките води, а дел од научниците веруваат дека постои поврзаност на насукувањето со инфекциите и паразитите кои влијаат на работата на нивниот мозок и ин штети на оријентацијата во морињата.

Најголемото насукување во Австралија се случи во 1996 година, кога на плажите во Западна Австралија се насукаа 320 црни китови, од кои само 20 преживеаја.