Балкан
9. May 2017 - 11:36

На атинскиот меѓународен аеродром запленети 3,5 килограми кокаин

На атинскиот меѓународен аеродром „Елефтериос Венизелос“ денеска е уапсена 49-годишна жена која е обвинета за трговија со дрога.

Полициска единица за борба против наркотици соопшти дека кај уапсената се пронајдени 3,5 килограми кокаин, кои биле спакувани во три кеси, скриени во нејзиниот багаж.

Полицијата соопшти дека жената, која пристигнала од Сао Паоло преку Цирих, е член на меѓународен синџир за шверц на кокаин од земјите од Латинска Америка во Европа.

Осомничената е изведена пред обвинител во Атина.