Македонија
23. January 2017 - 10:17

На „Ало докторе“ за една недела 1.543 повици

На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела (од 16 јануари до 22 јануари) имало 1.543 повици, соопшти Здравствен дом Скопје.

Од 15 септември 2014 година кога почна да работи телефонската линија, досега, имало 134.982 повици. 

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за респираторни симптоми, зголемена телесна температура, сезонски вируси, настинки и кашлици.

На сите оние лица кои побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.