Живот
7. September 2017 - 12:59

На актерката која утрово ја рани хирург ќе и ја отвараат главата: Се појавил проблем кој мора веднаш да се реши!

Актерката Ивана Панзаловиќ (30) која утрово ја рани познат хирург Срѓан Цветковиќ (59) моментално е на операција. Како што пишува телеграф.рс, на Ивана и прават краниотомија, оносно и ја отвараат главата.

Докторот и младата актерка биле во врска и живееле заедно. Наводно таа сакала да го остави повеќе пати, меѓутоа тој тоа не го дозволувал, пренесуваат медиумите кои дознаваат од извори блиски на поранешниот пар.

Меѓутоа не е познато дали тоа е причината поради која избила ужасната драма.

Според првите информации, било предвидено Ивана денес да биде пуштена од болница, но лекарите одлучиле да ја задржат поради хематомот кој во меѓувреме настанал.