Македонија
22. April 2017 - 19:39

На 8-ми август арената „Филип Втори“ ќе биде домаќин на УЕФА Супер Куп натпреварот

На 8-ми август Арената Филип Втори ќе биде домаќин на УЕФА Супер Куп натпреварот, во кој ќе се сретнат победникот во ЛШ и освојувачот на трофејот во ЛЕ сезонава. Ова преставува најголемо признание за ФФМ од своето постоење, но и голема обврска за успешно да се одговори на еден ваков сериозен предизвик.

Од УЕФА заедно со доделувањето на организацијата на Суепркупот, беа испорачани и забелешки за состојбата во која се наоѓа Националната Арена , и условите кои треба да ги исполнува. Почнувајќи од изградба на влезовите од Источната и Западната трибина, фасадата, паркинг простор, делот наменет за медиумите, па се до модернизација на електорниката, видео бимовите и системот за осветлување.

Од ФФМ велат дека максимално се посветени на организацијата на овој фудбалски спектакал, а веќе една година интензивно се работи на подготовките за престоечкиот натпревар. Во целата операција се вклучени и луѓе од европската куќа на фудбалот кои ја надгледуваат целокупната работа поврзана со Суперкупот. Очекувањата се дека до крајот на Мај, голем дел од преземените обврски ќе бидат завршени.

Претседателот Ѓорѓиоски смета дека Македонија ќе ја оправда укажаната доверба од УЕФА, за организација на еден ваков голем спортски настан. Се надева дека на овој начин и во иднина ќе се отвори можност за организирање на натпревари од ваков ранг.

Откако првите луѓе на УЕФА решија Суперкупот да не се игра само во Монако, досега честа да бидат домаќини ја имаа Прага 2013, Кардиф 2014, Тбилиси 2015 и Трондхајм минатата година. Скопје е првиот град од регионот што добил можност за организација на Супер Куп натпревар.