Свет
28. May 2017 - 14:05

На 12 часа по земјотресот во регионот на Маниса регистрирани 120 вторични потреси

На 12 часа по силниот земјотрес од 5,1 степени според Рихтер, во регионот на Маниса, во западна Турција, биле регистрирани вкупно 120 вторични земјени потреси, јави весникот „Милиет“, повикувајќи се на Дирекцијата за управување со несреќи и вонредни ситуации.

Според првичните податоци, во земјотресот нема настрадани. Потресот најсилно е почуствуван во окрузите Маниса и Измир.

На луѓето, чии домови претрпеле штети,  веќе им се поделени шатори. Вознемирени од честите вторични потреси, многу жители на регионот ноќта ја минале на улица.

Само меѓу 05.14 и 05.52 часот утринава регистрирани биле четири вторични земјени потреси со магнитуда од 4 до 4,6 степени според Рихтер, со епицентар во регионот на Саруханла и Голмармара.

Во 07.38 часот регистриран е нов потрес со магнитуда од 4,5 степени.