Кошарка
19. July 2017 - 17:47

МЗТ во септември на силен турнир во Турција

Шесткратниот македонски шампион, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, на почетокот од септември на покана на турскиот прволигаш Бујукчекмече ќе настапи на силен меѓународен турнир во Турција на кој покрај домаќинот ќе настпат уште и екипите на Истанбул ББ и на Цибона од Загреб.
Полуфиналните пресметки ќе се одиграат на 6 септември, а според ждрепката сино-белите ќе ги одмерат силите со организаторот за кого следната сезона ќе настапува македонскиот кошаркарски репрезентативец, Војдан Стојановски. Финалето односно дуелот за 3. место ќе се одиграат еден ден подоцна.
Пресметките во турската престолнина ќе бидат одлична можност за новиот тренер на „металците“, Александар Тодоров, да ги провери можностите на својот тим пред настапот во исклучително силната АБА-лигата сезонава, која стартува на 30 септември.