Кошарка
12. October 2017 - 9:09

МЗТ Скопје и Карпош Соколо го заокружуваат 1.коло

 Со натпреварот меѓу актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром и вицепрвакот Карпош Соколи вечер ќе биде комплетирано првото коло од македонскиот кошаркарски шампионат.
 
Дуелот ќе се игра во големата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“ со почеток од 18 часот.
 
Овој натпревар беше одложен поради настапот на МЗТ во АБА лигата во понеделникот против Задар.
 
Претходно се одиграа другите натпревари од оваа рунда:
Куманово – Работнички 88:91,
Струмица – Охрид 76:90,
Кожув – Блокотехна 56:99,
Пелистер – Шкупи 80:73 и
Фени Индустри – Гостивар 92:96