Loading Video...
Кошарка
30. January 2018 - 15:14

МЗТ кај Мега Бемакс за бегство од дното на табелата

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва гостуваат кај Мега Бемакс во натпревар од 18.коло на АБА лигата. 

МЗТ Скопје Аеродром и Мега Бемакс се двата тима кои се наоѓаат на две последни  позиции, во АБА лигата. 
 
Српската екипа има две победи повеќе од МЗТ, односно вкупно четири, вклучувајќи го и триумфот од првата годинашната средба во Скопје, кога во рамките од 7.коло, Мега славеше со 92-76 
 
Оттаму овој меч можеби е и последната шанса за македонскиот шампион за го избегне последното место на табелата.
 
Дуелот во Сремска Митровица започнува во 20 часот