МЗШВ: Ќе бидат преземени мерки за непречен откуп и дистрибиција на земјоделските производи
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска соопшти дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки за непречен откуп и дистрибуција на земјоделските производи и за заштита на домашното производство.
Оттаму истакнуваат дека деновиве е реализирана средба на производителите и откупувачите на градинарски производи со цел да се утврди како се одвива откупот и дистрибуцијата во Струмичкиот и Тиквешкиот регион каде во тек е бербата на праски, круши, кајсии, цреши и вишни.
На средбата е утврдено дека голем број регистрирани откупувачи кои работат со извоз немаат стабилни партнери, а постојат и вештачки блокади од странските партнери, за што причина е неусогласеноста на цената при откупот. Забелешката од странските откупувачи е што во една гајба се пакуваат по три сорти, а производите се чуваат во несоодветни услови.
Со цел подобар откуп и пласман, од ресорното Министерство најавуваат преземање мерки со кои ќе се поттикне изградбата на складишни капацитети и откупно-дистрибутивни центри со капацитет над 5.000 тони и поддржување иницијативи за изградба на мали ладилници со капацитет од 500 тони.
На овој начин, велат од Министерството за земјоделство, земјоделците ќе ги одржат производите квалитетни и ќе можат да постигнат повисока откупна цена.
- Новата реформска Влада има план преку МЗШВ да спроведе сеопфатна програма за поддршка на сите чинители во секторот. Дополнително се работи на создавање подеднакви пазарни услови кои ќе важат за сите и во еден таков фер пазарен однос ќе се воспостави и фер однос кон цената на чинење на земјоделски производи. Во програмата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој посебен осврт ќе се даде на примарното производство, односно земјоделецот ќе биде во фокусот. Ваквата состојба со сигурност ќе овозможи зголемено производство, се наведува во соопштенето од МЗШВ.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка