Бизнис
21. July 2017 - 19:47

МЖ транспорт и ЕЛЕМ го негираат министерот за финансии, велат немале скриени долгови

Државните компании кои од министерството за финансии беа посочени како најголеми должници кон стопанството со реакција, велат немаат заостанати и скриени долгови кон економските субјекти со кои соработуваат.

Од раководствотот на МЖ Транспорт кој беше посочен како најголем должник од јавните претпријатија за СИТЕЛ посочија дека во долгот од 40 милиони евра  министертвото за финансии  освен обврските кон домашното стопанство вкалкулирало и  долгови  кон странски железнички управи од времето на поранешна Југославија за период од 1991 до 1995 година, како и доспеани рати и камати од кредити земени  од Европската банка за обнова и развој. 

И од Државните Електрани  посочија дека компанијата е во одлична кондиција и сите обврски кон државата стопанството и кон вработените редовно ги сервисира.

Акционерското друштво во државна сопственост  ги испрати бараните податоци до Министерството за финансии заклучно со 31 мај и би сакале да појасниме дека станува збор за тековни обврски чии рокови за плаќање на тој датум сè уште не биле доспеани, односно не е пробиена валутата за плаќање.   Во информацијата испратена до Министерството јасно е наведено  дека станува збор за тековни, а не заостанати обврски затоа што компанијата  нема доспеани, а неподмирени обврски кон стопанските субјекти, се вели во соопштението од АД ЕЛЕМ

Се огласија и од инситутот за економски истражување и политики  кој сметаат дека  долгот кој вчера министерството за финансии го обелодени не е драматичен иако не треба да постои. Од институтот бараат министерството да  предложи план за измирување на објавените неплатени долгови и да образложи како тој долг  ќе се рефлектира врз буџетот , неговата ликвидност дефицитот и јавниот долг.

Вчера министерот за финании Тевдовски објави дека износот на достасани а неисплатени обврски од страна на државата државните претпријатија и локалната самоуправа кон стопанствотот е 363 милиони евра и тоа заклучно со 31 мај. Најголоем дел од износот отпаѓа на централниот буџет и јавните претпријатија.

За комплетно раздолжување кон стопанствотот се договара проект со Светска банка.